РАЗБОЈ · ВЕЛЕС

← Сите проекти2014

Изложба на фотографии „Грнчарскиот занает во Велес“

Во рамките на проектните активности на Организацијата, во 2014 година беше приредена изложбата на фотографии „Грнчарскиот занает во Велес“. Целта беше преку фотографии на пошироката јавност да ѝ се прикаже континуитетот на грнчарскиот занает, некогаш и денес.

Македонската народна керамика е значаен сегмент од богатата и разновидна традиционална култура. Таа е логично продолжение на древните искуства со земјата и огнот, преку кои се создавале предмети неопходни во секојдневниот живот. Низ вековите керамиката добивала различни утилитарни, декоративни и естетски значења, облици и примени.

Уметнички обликуваните грнчарски изработки му служеле на Кочо Рацин како инспирација и мотив, бидејќи биле тесно поврзани со народниот бит. Преку зачуваните грнчарски предмети Рацин останува вткаен во Велес; тој грнчарството го сметал за најстара уметност, создадена уште со цртежите на пештерскиот човек.

Имате идеја?

Отворени сме за нови соработки.

Контактирајте нè