Етно работилници Велес
„Етно работилници Велес“ е еден од поголемите проекти на Здружението, реализиран од 2010 до 2019 година. Неговата цел е оживување на старите занаети — грнчарството, столарството, копаничарството, ткаењето и изработката на накит — како и афирмација на уметноста, традицијата и културното наследство на територијата на Општина Велес, со поголема вклученост на младите.
Обуките се одржуваа во спомен-куќите на Кочо Рацин и Васил Главинов, како и во куќата на Касапови. Во нив беа ангажирани професионални мајстори со сопствени работилници: грнчари, столари, копаничари, ткајачи и изработувачи на накит.
Проектот се реализираше во соработка со основните училишта од Општина Велес, а низ работилниците поминаа повеќе од 500 деца. Активностите повторно беа заживеани во 2024 и 2025 година, со надеж обуките да продолжат и во иднина.
Моменти од проектот
8 фотографии

